Репрезентацијата на Аргентина на стартот на Копа Америка поразена е од Колумбија со 2:0 и многумина сметаат дека ова ќе биде уште една неуспешна епизода на Лионел Меси и неговите соиграчи.
Меѓу нив е и Диего Армандо Марадона.
„Кога ги гледам, имам чувство дека и Тонга може да ги победи“, рекол Марадона реферирајќи на малата островска држава во Океанија.
Гаучосите мораат да одиграат натпревари против Парагвај и Катар во групната фаза, а би бил голем неуспех за овој „одбран тим“ да не пројде во нокаут фазата.
„Не можам да верувам кога гледам како се борат за дресот на Аргентина. Мојата генерација знаеше да го искрши автобусот по пораз, а денеска нема емоции. Па, не ви го даде дресот мајка ви“, додава Марадона.
Покрај Бразил, Аргентинците пред почетокот на Копа Америка беа најголеми фаворити за освојување на првенството.
Comments are closed for this post.