Тетовска Шкендија денеска од 14:30 часот ќе го дознае противникот за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Шкендија е носител во првата група пред ждрепката заедно со Астана, Лудогорец, Црвена звезда и АИК Стокхолм.

Шкеднија во првото квалификациско коло може да се сретне со еден од овие тимови: Судува (Литванија), Номе Калју (Естонија), Арарат (Ерменија), Френцварош (Унгарија) и Клуж (Романија).

Дуелите се играат на 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.