Ова денеска го истакна францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали тоа што не добивме датум за преговори во јуни со ЕУ се должи на неспроведување на реформите или на внатрешните проблеми или несогласувања внатре во ЕУ.
На прашање дали законот за СЈО е услов за добивање зелено светло и од Франција рече дека станува збор за значајна тема за повеќе држави-членки на Унијата, затоа што, како што појасни, тоа е доказ за владењето на правото.
„Ние ве придружуваме на тој пат. Во моментот не можам да ви дадам точен датум, но сакам да знаете дека ние сме со Вас. Европското знаменце е со ѕвезди и знаете дека тие се убаво распоредени и благо наклонети, за до крајот на годината да се добијат позитивни одговори на сето она што вие го очекувате. Во моментов државите-членки разговараат меѓу себе и будно следат се она што се случува во Македонија. А во таа област сакам да ја истакнам особено француско-германската соработка, но и развојот на состојбата во целиот регион во рамки на стратегијата што ја објави нашиот претседател на државата. Завршивме и со организирањето на последниот семинар, што е наменет за подготовка на Секретаријатот за европски прашања за водење на преговори, рече Тимоние.
Амбасадорот потенцира дека минатата недела имало зачестени контакти меѓу Франција и Македонија, односно консултации кои се одржувале во претседателството на Франција, францускиот Секретаријат за европски прашања, Францускиот сенат и во француското Собрание.
„Можам да кажам дека во моментов сме во интензивни дискусии меѓу двете земји. За годината што измина имаме навистина позитивен биланс, особено во постигнувањето и потпишувањето на Преспанскиот договор и постигнатиот Договор за добрососедство со Бугарија, додаде амбасадорот Тимоние.
Comments are closed for this post.