Пратениците на ВМРО објавија нова законска иницијатива, што предвидува воведување на нов личен документ за луѓето со бугарско потекло, кои живеат надвор од границите на Бугарија. Тој ќе се вика „Карта на Бугарин“ и ќе им се издава на лица, кои немаат бугарско државјанство. Со него тие ќе можат трајно да престојуваат во Бугарија, како и да учат и работат.
Документот ќе се издава од МВР и ќе важи само на територијата на Бугарија, јавуваат бугарските медиуми. Тој нема да дава права какви што имаат само бугарските граѓани, како на пример правото на глас.
Законскиот проект има за цел да им помогне на сонародниците зад границата, кои се наоѓаат на територијата на Украина, Молдавија, Северна Македонија, Албанија, Србија и други држави, а од ВМРО уверуват дека при подготовката на текстот учествувале разни експерти и правници.
Знаете какви се проблемите со добивањето на бугарско државјанство. Минуваат години додека Бугарите во странство го добијат. Затоа го подготвивме овој закон, а слични има и во Полска и Грција, истакнува пратеникот Јулијан Ангелов.
Според ВМРО, предлогот има неколку цели-справување со демографската криза, привлекување млади луѓе да учат во Бугарија, кој понатаму ќе учествуваат и на пазарот на трудот. Новиот документ може да биде реалност преку промена на Законот за лични документи, а од ВМРО изразуваат надеж дека предлогот ќе биде поддржан и од останатите партии.
Comments are closed for this post.