Полските навивачи го запоседнаа центарот на Скопје, но се е мирно. Шетаат, го разгледуваат “Скопје 2014“, дегустираат македонски специјалитети и пијалоци.

Прилично интересна за нив е Старата скопска чаршија, каде ги пробаа  познатите ќебапчиња, но и други  традиционални јадења.

Екипата на Пресингтв забележа засилено полициско присуство на одредени точки околу плоштадот, додека во Старата чаршија групите полски навивачи ги следат полициски службеници со јасно забележливи и жолти ленти на рацете на кои што пишува полиција.

Малку по малку групите полски навивачи се упатуваат од плоштадот кон градскиот  парк и стадионот.