Новообјавените разговори објавени од Фејсбук профилот со псевдоним „Ел Чека” не потекнуваат од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, преку соопштение информира СЈО.
Соопштението е во врска со, како што стои во него, написите во повеќе медиуми, како и различните толкувања на вчерашната изјава дадена од страна на Специјалниот јавен обвинител.
Катица Јанева, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека не може да гарантира оти новообјавените „бомби“ не потекнуваат од СЈО.
Ја уверуваме јавноста дека сите аудио материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите. Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните на Република Северна Македонија и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот.
Во оваа насока, повторно потенцираме дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага и во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Comments are closed for this post.