Антикорупциска ќе истражува дали министерот за образование и наука Арбер Адеми, ќпред две години додека беше вицепремиер во претходната влада, незаконски бил унапреден за доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека Владата нема да коментира одлуки на независното тело Антикорупциска, околу министерот за образование.

Претставката до Антикорупциска против министерот, како што објави Факултети.мк, ја поднел просветниот инспектор за високо образование Ѓорѓи Илиевски по редовен инспекциски надзор во тетовскиот универзитет во април годинава.