Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов преку Фејсбук соопшти дека поради административни причини авионот со ракометарите на „Вардар“ од Келн ќе доцни и во Скопје ќе слета во 20:30 часот.
„Почитувани, поради административни причини (пасоши, документи и сл.) авионот од Келн ќе полета во 18 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20:30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад „Македонија“ на достоинствен пречек на нашите шампиони, пишува Шилегов на својот фејсбук-профил.
Првично беше најавено дека чартерот во Скопје ќе стигне во 16.15, а подоцна беше соопштено дека ќе слета во 18:50 часот.
Comments are closed for this post.