Генералниот секретар на НАТО денеска во Скопје повтори дека нашата земја со влегувањето во Алијансата мора да го зголемува буџетот за одбраната и тој да стигне два проценти од БДП.

-Сакаме да и честитаме на Северна Македонија за зголемувањето што веќе се случи а и најавите за ново зголемување.Тоа нуди безбедност а НАТО е најуспешната Алијанса во историјата. Ние ги заштитуваме сите сојузници од секаква закана. Тоа е добро за сите нас, засновано на принципот сите за еден еден за сите-порача Столтенберг