Пет лица се евакуирани поради поплави во текот на ноќта во околината на Краљево и Чачак, а автобус со 15 лица, кој поради обилни дождови се заглавил на патот Краљево-Крагујевац, успешно е извлечен, соопшти началникот на секторот за вонредни ситуации во српското МВР Предраг Мариќ.
Три лица се евакуирани во околината на Краљево, а две во местото Вича кај Чачак, прецизира Мариќ за Танјуг.
Тој истакна дека во текот на ноќта во централниот и западниот дел на Србија паднала голема количина дожд и оти на повеќе места во Србија тоа предизвикало проблеми.
Засега нема информации за повредени, ниту настрадани, а Секторот за вонредни ситуации ќе дежура во текот на целиот ден.
И денеска се очекува големо количество врнежи, така што сите сили ги упативме на терен, рече Мариќ и прецизира дека тоа се однесува на централниот и западниот дел на Србија.
Во меѓувреме, телевизијата Прва јави дека селото Вича, во општината Лучани, речиси целосно е под вода. Спасувачките екипи се на терен, но не е евакуирано целото население на селото.
Comments are closed for this post.