Апсолутно сум шокиран од фактот што ЕУ не реагираше на изјавата на Хашим Тачи дека Приштина нема да го спроведе тоа што го потпиша во Брисел, односно формирање Заедница на српски општини, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој изрази надеж дека денеска или утре ќе има реакција од ЕУ и порача оти „знае што треба да прави“ ако нема реакција.
Чекавме 24 часа ЕУ да реагира. Апсолутно сум шокиран што никој не кажа ниту збор за документот кој е потпишан во Брисел, а чие спроведување го гарантираше ЕУ. Ако тие документи не важат за Албанците, не знам што мислат во иднина со кого ќе разговараат“, рече Вучиќ за време на посетата на Русинот на ВМА кој беше повреден во акцијата на косовската полиција на Косово.
„Албанците имаат само една црква во која се молат, а тоа се САД, и се што ќе кажат или направат против Русија и Србите не им е грижа. Важно им е американската мисија во ОБСЕ да ги пофали за антикорупциска акција“, додаде Вучиќ, укажувајќи дека „тоа било антикорупциска акција колку што Харадинај и Тачи се ориентирани против корупција“.
За мене е многу поважно и поиндикативно и тоа што молчат Германците, Англичаните и Французите и Брисел. Во Брисел тој документ го потпишаа Тачи и Дачиќ, но во присуство на Кети Ештон. Таму не беше Свети Петар, туку Кети Ештон како висока претставничка на ЕУ. Ако ЕУ не е во состојба да го гарантира договорот во чие составување учествуваше, нека ни го кажат тоа за да знаеме дека тие договори немаат повеќе никаква правна сила“, порача Вучиќ.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека нема да дозволи формирање Заедница на српски општини, затоа што, како што рече, тоа би значело формирање Република Српска на Косово.
Точно е дека претходно се согласив со формирање Заедница на српски општини, но околностите се променија и не можеме тоа да го дозволиме во замена за визна либерализација, рече Тачи, додавајќи дека таксите мора да останат во сила“, јави вчера Танјуг повикувајќи се на приштинскиот весник „Зери“.
Тачи додал дека Европската унија „и го свртела грбот на Приштина затоа што ниту после три години од давањето препорака за визна либерализација, земјите членки се уште не донеле одлука“.
Comments are closed for this post.