Седум лица загинаа, а дваесетина се водат за исчезнати, oткако туристички брод се судри со друг брод во Дунав во близина на центарот на Будимпешта, јавија унгарските медиуми.

На туристичкиот брод имало 32 патника и членови на екипажот во момент на несреќата што се случила во близина на зградата на унгарскиот Парламент.


Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќето туристи биле од Азија и дека едно лице по спасувањето е успешно реанимирано.

Во тек е потрага по преживеани што се одвива по силен дожд.