Европската комисија денеска ќе го објави пакетот за проширување за земјиите кандидати за членство меѓу кои и за Македонија. Она што досега се нарекуваше извештај за напредок на кандидатите сега е ставено во т.н пакет за проширување.
Овој извештај неколкупати беше одложуван, најнапред за да им се остави на земјите повеќе време за реформи, а потоа и поради европските избори кои се случија викендов.
Македонија од овој извештај очекува нова препорака, дванаесетта по ред, но и прва откако се најде решение за спорот со Грција кој досега од официјален Брисел беше означуван како една од главните пречки за тоа што не е одреден датум за почеток на преговорите за членство.
Но, сигналите кои доаѓаат од Брисел не навестуваат дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите од страна на Европкиот совет поради противењето на некои земји, пред се Франција и Холандија.
Од Европската комисија потврдуваат дека денеска ќе биде претствен пакет за проширување за Западаниот Балкан
Пакетот ја вклучува политиката на проширување на ЕУ за 2019 година, извештаи за секоја земја поединечно со детални наоди и препораки за Црна Гора, Србија, Турција, Северна Македонија, Албанија и Косово, како и мислењето на Комисијата за барањето на Босна и Херцеговина за членство во Европската унија , заедно со аналитички извештај кој за прв пат ја разгледува состојбата во земјата во однос на сите стандарди што важат за земјите-членки на ЕУ-објаснуваат од Европската комисија за Пресинг ТВ.
Пакето за проширување ќе биде претставен од Комесарот Хан во 11 часот и 30 минити по што ќе следува заедничка прес конференција со високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини.
Comments are closed for this post.