Денеска продолжува седницата на мандатно-имунитетната комисија ќе расправа за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Комисијата заседава откако спикерот Џафери ја извести комисијата дека поранешниот премиер кој доби азил во Унгарија шест месеци не се појавил на седница.

Минатата седница беше прекината поради тоа што досегашниот претседател Павле Богоевски си поднесе оставка по скандалот со објавениот аудио разговор во кој како што тврди нарачувал канабис.Богоевски најави дека седницата на која ќе се одлучува за мандатот на Груевски ќе биде последна во неговиот мандат.

Денешната седница ќе ја води заменик-претседателката  Снежана Калевска Ванчева.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повика членовите на комисијата при донесувањето на одлуката да постапуваат согласно законот.

ВМРО-ДПМНЕ покажува на дело дека секој еден граѓанин е еднаков пред законите. Ова е пример кој треба вистински да го следи оваа неодговорна и неспособна власт на СДСМ и Зоран Заев, а веднаш после формирањето на новата Влада во Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати владеењето на правото, вистинската апликација на законите и битката против организираниот криминал и корупција без разлика на политичката припадност на сторителот на криминалот, се наведува во партиското соопштение.