Национално обединување со Албанија според косовскиот претседател Хашим Тачи е стратешка цел. Според приштински “Телеграф”, Тачи бил гостин на ТВ “Дукаѓини” и изјавил дека Албанците ќе бвидат заедно во евро-атлантското семејство.
Зарем не е стратешка цел обединувањето со Албанија? Албанците ќе бидат заедно во евро-атланското семејство, во НАТО и ЕУ, рекол тој.
Тачи исто така смета дека корекција на границите не подразбира размена на територии. Нема да разговара за размена, поделба или заедница на извршните надлежности. Косовскиуот престедател смета дека европската перспектива на Србија ќе ја принуди да ја прифати неговата идеја за корекција на границите. не отфрла ниту спојување со Прешевската Долина.
Нема да нè мразат ако го промениме знамето ако ги припоиме Прешево, Медвеѓе и Бујановац, рече Тачи.
Comments are closed for this post.