Група од 70 до 100 бегалци поставија камп на плоштадот Аристотел во центарот на Солун, објавија локалните медиуми. „То вима“ пишува дека „сцените се трагични“ и оти некои од бегалците колабираат. Тие првин биле пред Беаскуле, а потоа биле принудени да се преселат и попладнето се собрале на централниот солунски плоштад.

Станува збор за бегалци кои повеќето се од Ирак и кои дошле преку турско-грчката граница преку Еврос.

Тие велат дека не се регистрирани, немаат документи за престој и не знаат каде да спијат и каде можат да јадат.