Премиерот Зоран Заев на првиот ден од официјалната посета на Црна Гора се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со претседателот на црногорското Собрание, Иван Брајовиќ.
На свечената вечера во чест на македонските државници што ја приреди претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот Заев и претседателот Ѓукановиќ го потврдија традиционалното пријателство меѓу двете земји и разменија мислења за идните можности за развивање на односите, посебно на планот на економската соработка и на планот на заедничките активности во НАТО и во процесот на интеграцијата на двете земји во Европската унија.
Заев и Брајовиќ, пак на средбата ја нагласија исклучително добрата соработка меѓу пратениците од двата парламента, можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, а се зборуваше и за поддршка и размена на искуства од Црна Гора во процесот на започнување на преговори на нашата земја со ЕУ.
Заев му се заблагодари на Брајовиќ за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и информираше дека веќе 13 земји членки на НАТО го ратификуваа документот со што се отвора шанса Северна Македонија до крајот на годината да го добие статусот полноправна членка на Алијансата.
Comments are closed for this post.