Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата.

„Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш!“, наведе во постот Богоевски.

Богоевски, на денешната седница на собраниската Комисија каде требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски, рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже.