СДСМ преку сооштение реагираше на прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ на која го обвинија министерот за здравство Венко Филипче за задоцнетите мерки против морбили, но и условите на Клиниката.

Од партијата велат дека како резултат на активностите кои ги презема Владата предводена од СДСМ, новороденичката смртност на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е намалена за 30 отсто.

Додаваат дека формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата, ќе биде во корист на пациентите.

„Со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за здравствено осигурување и беа исплаќани на паушално ниво кон болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, ќе бидат оптимизирани и контролирани. Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара и предизвикува проблеми, ќе биде сменета со нова“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од партијата ги обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека за 10 години не направиле ништо, поради што граѓаните ја изгубиле довербта во здравствениот систем. Денешната прес конференција од СДСМ ја оквалификуваа како ширење лаги и неоснована паника меѓу граѓаните.

Во соопштението стои дека владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравствениот систем.