ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Како причина за тоа ги наведуваат задоцнетите мерки, но и условите на Клиниката, несоодветно стерилизирани инструменти и сали.
„Од министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви!“ изјави за медиумите Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија побара министерот Филипче да ја напушти функцијата и тоа веднаш.
Comments are closed for this post.