Ципрас ги купува европските избори – се денес најчестите наслови во дел од грчките медиуми. На малку повеќе од една недела, премиерот Алексис Ципрас, шеф на крајно левичарската партија, посегнува по сите средства, па така и по кешот за купување гласови, пишува „Ефимерида“.
Намалување даноци, триенаесетта пензија, се само дел од најновите мерки кои ги соопшти владата.
Така, на пример пензионерите овој пат пензиите ќе ги земат предвреме, е објавено денес. Јасно е дека, како што се наведува во анализите, Ципрас, соочен со пораз на европскуте избори, кои ќе се спроведат на 26 мај, сака што е можно повеќе да го ублажи поразот, посегнувајќи по популистички мерки од кои грчките странски кредитори со неверување креваат раменици. Германскиот весник „Ханделсблат“ неодамна објави, повикувајќи се на извори во ЕУ, дека во Брисел не гледаат благонаклоно на потезите кои превзема Ципрас и неговата влада и оти тоа ќе се одрази на економската кондиција на Грција.
Но, премиерот Ципрас сега нема време за гледање зад себе, туку гледа како да го намали јазот со опозициската Нова демократија, која во анкетите води со повеќе од осум проценти. А, токму НД овие избори ги гледа како референдумско изјаснување, кое може да води и кон предвремени парламентарни избори.
Но, не е само давањето пензии два дена пред изборите една од популиситчките мерки на левичарот Ципрас. Автобусот е наполнет со кеш – пишува „Ефимерида“. Најпрвин пензионерите ќе добијат таканаречена бенефиција од тринаесетта пензија. Одобрено е надомест за затворскиот персонал, кој неодамна штрајкуваше заради лошите услови, дадени се покачувања на платите за чистачите во училиштата. На 20 мај, а не како што е вообичаено на 1 мај, ќе се случи поврат на данокот за храна, што е исто така ставено на сметка на кешот во автобусот наменет за купување гласови.
Но, како капак на се се додава скандалот со новата политичка ѕвезда на Сириза од северна Грција, солунчанката Катерина Нотополу, која вчера повторно отвораше метро станица на метро кое уште не постои. Но, велат медиумите, потребно е некаква активност, нешто да се случува. Инаку, солунското метро е предвидено, доколку се оди според плановите, да се отвори наесен.
Comments are closed for this post.