Авио-производителот Боинг тврди дека завршил развојот на софтверското решение за проблематичниот авион „737 Max“. По 207 пробни летови во траење од 360 саати, Боинг, како што е соопштено, потготвен е да го пушти во употреба ажурираниот софтвер за системот на контролата на летање, кој е под истрага заради две авионски несреќи.
Софтверот, како што се наведува, подготвен е за проценка од страна на америкнската Федерална управа за авијација и не нејзините партнери во земјите кои сакаат да извршат контрола над софтверот.
Остваруваме јасен и стабилен напредок, и уверени сме дека „737 max“ со ажуриран софтвер ќе биде најбезбедниот авион во светот некогаш направен“, изјави генералниот директор на Боинг, Денис Муленбург.
Авионот од типот „737 Max 8“ и „737 Max 9“ се приземјени ширум светот откако пред два месеци се сруши авион на „Етиопијан ерлајнс“.
Таа несреќа, според оценка на истражителите, е слична со несреќата од минатата година кога се сруши „737 Max“ на индонезиската „Лајон ер“. Во двете кобни несреќи загинаа 346 луѓе. И во двата случаи, автоматизираниот систем за контрола на летот или „MCAS“ автомтски го спуштил носот на авионот додека пилотите се бореле да ја вратат контролата.
Comments are closed for this post.