Којзнае уште што не чека, зашто ние не знаеме да си ја чуваме историјата, таа како веќе да ни станува товар, вели во интервју за софиски „24 часа“, академикот Георги Марков, кој е и член на бугарскиот дел од заедничката бугарско-македонска комисија за историските прашања.
Според него, бугарскиот приод во потпишувањето на Договорот за добрососедство со Македонија бил погрешен.
Прво требаше да се исчистат спорните прашања-историја, јазик, етнографија, фолклор, па тогаш да потпишуваме. А, не да се создаваат комисии и да се одолговлекува со времето додека Македонците со наша поддршка бидат примени во ЕУ и таму да поставуваат прашање за некакво македонско малцинство во другиот дел на Северна Македонија. Зашто, Пиринска Македонија е всушност географски Северна Македонија. Кој го дозволи тоа и зошто политичарите го преспаа? Кој им рече дека можат со искрено разбирање да ги оформат спорните прашања далечната иднина? Ете, Грците најдоа пристап и ги откажаа од нивното античко минато. А, каде сме ние, каде се нашите политичари и дипломати, прашува Марков.
Одговарајќи на прашањето дека Северна Македонија ја притиска Европската комисија за прифаќање на македонскиот јазик, Марков вели:
Само едно ќе им кажам. Сум бил во пленарната сала на Европарламентот во Брисел и таму има кабини и на секоја од нив пишува од каков јазик преведуваат. Замислете си таму да се појави кабина на која пишува „македонски јазик“? Затоа треба многу внимателно да размислиме. Не го негирам нивното право да се самоопределат, но нивниот таканаречен „македонски јазик“ е создаден врз основа на еден југозападен бугарски говор. Во текот на есента 1944 година Јосип Броз Тито им дава задача на локалните комунисти во Скопје со партизаните да направат македонска азбука. Се собираат тогашните „јазичари“ и се прави азбука, малку поразлична од бугарската врз основа на битолскиот дијалект. Смешна е нивната теза дека македонскиот се говорел уште од времето на цар Самоил.
Ова е втора реакција на академик Марков во рок од само неколку дена поврзана со македонскиот јаик. Индикативно е што отворено ги критикува бугарските политичари за погрешниот приод при потпишувањето на Договорот за добрососедство, што не му пречи да го зема паричниот надомест од членството во заедничката комисија или, пак, таму е поставен со директна политичка задача?
Comments are closed for this post.