Осумтемина независни пратеници  од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите инфрормираат дека денеска ќе поднесат иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно“, стои во соопштението.