Фејсбук затвори 23 страници во Италија, меѓу кои и многу за поддршка на популистичките владини партии во земјата, заради ширење лажни вести и кршење на други правила на социјалната мрежа.
Акцијата, се случува во време на повторна загриженост дека лажните вести би можеле да ја отрујат кампањата за изборите во Европскиот парламент на 26 мај, која беше изнесена како одговор на истрагата од глобалната кампања Авааз.
“Отстранивме неколку лажни и дупликат налози кои ги прекршија нашите политики за автентичност, како и повеќе страници кои го променија името”, се вели во изјавата од понеделникот.
Во соопштението од компанијата велат дека му се благодарни на Авааз за изнесувањето на загриженоста и додаваат дека Фејсбук е “фокусиран на заштитата на интегритетот на изборите низ Европската унија и низ целиот свет”.
Во одделна изјава, Авааз рече дека страниците што биле затворени имале вкупно 2.46 милиони следбеници и биле користени за ширење лажни вести или пораки против мигранти, вакцини и Евреи.
Еден од нив сподели видео од мигранти што кршат полициски автомобил, без предупредување до гледачите дека тоа е сцена на филм. Видеото привлече скоро 10 милиони прегледи, изјавуваат од Авааз.
Comments are closed for this post.