Фудбалскиот клуб Арсенал е разочаран од бројката на билети кои УЕФА им ги одобрила за нивните навивачи. Од клубот додаваат дека тоа им создава гоеми тешкотии за да ја задоволат побарувачката на нивните верни фанови.
„Како што знаете, ние сме горди што имаме околу 45 илјади носители на сезонски билети и повеќе од 180 илјади официјални членови на фан клубот. Невозможно е со само 6.000 билети за финалето, да се излезе во пресрет на илјадниците фанови кои го поддржаа клубот години наназад, а оваа сезона нема да можат да присуствуваат на финалето. Ова е разочарувачка ситуација, па дистрибуцијата на билети ќе се одвива според посебна процедура“, соопшти Арсенал.
Финалето на Лига Европа ќе се одржи во Баку на 29 мај на „Олимпискиот стадион” кој е со капацитет од 68.000 гледачи.
Comments are closed for this post.