Десетмина припадници на воените сили на Нигерија загина во североисточниот дел на земјата при напад на припадници на Исламска држава во градот Магумери, објави исламистичката агенција АМАК.
Џихадистите објавија фотографии од телата на загинатите, за кои тврдат дека се припадници на нигериските војници, што е потврдено и од неколку различни извори, вклучувајќи и еден воен.
Како што се наведува во извештаите, по појавата на воздушните сили и доаѓањето на пешадиските единици од соседниот град, исламистите се повлекле.
Исламска држава на територијата на Западна Африка изминатите месеци изврши неколку напади на Нигерија.
Comments are closed for this post.