Во последните 10 години бевме сведоци на неправедно и криминално владеење на партија која го држеше нашиот народ во страв, а нашата иднина во неизвесност.Сегашниот претседател сето тоа го премолче и ќе остане запомнет во историјата како безгласна буква, човек кој ја поддржа партијата наместо да ги заштити своите граѓани, истакна денеска Стево Пендаровски.
На 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато, поделбите, омразата, криминалот и масовната корупција. Ова е историска можност да изградиме држава во која ќе владее правото, еднаквоста и солидарноста, општество кое ќе се темели на човечност и еднакви права за сите.Како ваш претседател гласно ќе зборувам против секоја власт која ги загрозува интересите на граѓаните, без разлика на која политичка партија или коалиција и припаѓа. Како ваш претседател посветено ќе работам на заштита на правата и интересите на сите граѓани и ќе ги поддржам сите иницијативи кои се во нивна корист. Секоја неправда ќе биде моја грижа, силно ќе ги осудувам сите постапки кои ја рушат демократијата и правната држава.Веднаш по 5 мај ќе ги потпишам сите закони кои Иванов ги кочи, а ги овозможуваат основните права за голем дел наши граѓани. Време е оваа држава да добие вистински претседател, заштитник на граѓаните, кој ќе зборува за вистинско право и правдина. Секој глас за Силјановска е глас за уште еден Иванов и враќање назад кон темното минато
Comments are closed for this post.