Законите во нашата земја се јасни и прецизни и тие треба да се почитуваат. Се знае кога се користи знаме на етничка заедница и во какви околности, со кои димензии една третина, две третини и си има обележје како тоа се користи. Постојат закони и толку години зборуваме како се користи знамето и треба да се научиме дека треба да се почитуваат законите комплетно“.

Ова е коментарот на премиерот Зоран Заев за изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека законот дозволува поставување албанско знаме насекаде по поставувањето на истото на Самоиловата тврдина во Охрид од страна на граѓанин на Косово.