Судот во Кина осуди уште еден канадски државјанин на смрт поради обвиненија за дрога, што предизвика негодување од страна на Канада, во услови на постојаните тензии меѓу двете земји поради апсењето на извршниот директор на Хуавеј во Отава.
Високиот народен суд во градот Џијангмен во вторникот објави дека ја изрекол казната на канаѓанецот Фан Веи за неговата водечка улога во производство и трговија со метамфетамин.
Фан е вториот канаѓанец осуден на смрт во Кина под обвинение за наркотици годинава. Сево ова се случува во услови на растечки тензии меѓу двете земји од декември минатата година, кога канадските власти го уапсија главниот финансиски директор на кинеското претпријатие „Хуавеј Технолоџис“ на барање на Американски обвинители.
Во реакција на последната пресуда, канадската министерка за надворешни работи Кристија Фриленд ја осуди употребата на смрттната казна, опишувајќи ја како “сурова и нечовечка казна која не треба да се користи во ниту една земја”.
Ние сме многу загрижени од ваквата пресуда. Канада цврсто се противи на употребата на смртната казна насекаде. Посебно сме загрижени кога се применува на Канаѓаните“, рече Фрејланд.
Апсењата и обвиненијата во Кина се случија откако Канада го уапси финансискиот директор на Хуавеј Менг Ванжу, која е ќерка на основачот на компанијата, Рен Женгфеи.
Американските обвинители ја обвинија кинеската корпорација за заговор за кршење на американските санкции против Иран, тврдење што го негираа од Хуавеј и Менг, која е на слобода со кауција, но под надзор во Канада, додека чека можна екстрадиција во САД.
Во март, Пекинг остро протестираше против одлуката на Отава да одобри постапка за екстрадиција на Менг, речиси три месеци по нејзиното апсење на аеродромот во Ванкувер, кој го означи овој потег како „политички прогон против кинеското високотехнолошко претпријатие“.
Канада го повика Пекинг на осудениот Фан да му даде помилување. Во меѓувреме Министерството за надворешни работи на земјата потврди дека канадски претставници присуствувале на судското сослушување во кое Фан бил осуден на смрт.
Канада внимателно го следи овој случај и им дава конзуларна помош на г-дин Фан и неговото семејство, бидејќи тој првпат беше уапсен во 2012 година“, се вели во соопштението.
Судот, исто така, издаде пресуди против еден американец и четворица Мексиканци, иако нивните казни не беа наведени.
Сите осуденици ќе можат да се жалат на нивните пресуди.
Comments are closed for this post.