Кинеското министерство за надворешни работи го повика американскиот амбасадор за да му вложи протестна нота поради апсењето на директорката за финансии на компанијата „Хуавеј“, Менг Ванжу, во Канада минатата недела и сметаат дека САД треба да го повлечат барањето за екстрадиција.

Заменик министерот за надворешни работи на Кина Ле Јученг на американскиот амбасадор Тери Банстад му рече дека САД упатиле неразумно барање до Канада да ја уапси Менг на аеродром додека чекала лет. Американските постапки серозно ги прекршуваат правата на кинеските државјани и по природа се исклучително заканувачки, соопшти кинеското МНР.

Ли рекол дека Кина ќе одговори во зависност од идните американски потези. Тој претходно го предупреди канадскиот амбасадор на сериозни последици ако Канада веднаш не ја ослободи Менг.

Од „Хуавеј“ соопштија дека немаат сознанија за каков било престап за кој Менг би можела да биде одговорна и дека компанијата ги почитува законите во зекоја земја во која што делува, како и постоечките санкции.

Менг беше уапсена на 1 декември во Канада а ѝ се заканува екстрадиција во САД кои сметаат дека компанијата „Хуавеј“ од 2016 година ги продавала производите произведени во САД на Иран и други земји под американски санкции. Менг е ќерка на основачот на „Хуавеј“.