Собранискиот спикер Талат Џафери закажа седница во среда на која ќе се гласаат по втор пат дел од законите коишто претседателот Ѓорги Иванов не ги потпиша, меѓу кои и измените на изборниот законик.
Од кабинетот на собранискиот спикер Џафери појаснуваат дека седницата е закажана и покрај паузата за изборите бидејќи в средба истекува законскиот рок од 30 дена во којшто Собранието треба по втор пат да одлучува по вратени закони од шефот на државата.
Посочуваат дека законите само ќе бидат изгласани, а за нивен потпис и испраќање до Службен весник ќе се чека на функција да стапи новиот претседател.
Comments are closed for this post.