И Стево Пендаровски беше повикан да учествува во кампањата, тврдат од „Другата страна на политиката“’.

„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави деман. Ја објавија и поканата до третиот учесник на претседателските избори .

„Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.
Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.
На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена“, стои во демантот.

Откако Сиљановска напиша на фејсбук дека Пендаровски не ја прифатил поканата, кандидатот Стево Пендаровски реагираше дека не добил никаква покана за интервју од „Другата страна на политиката“.