Во грабежот кој вчера се случи во експозитура на НЛБ Банка во Чаир се украдени 150.000 евра. Од банката соопштуваат дека тројцата повредени се во добра состојба и се пуштени на домашно лекување.
По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10.36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, би сакале да ве информираме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување, соопштија од НЛБ Тутунска.
Ограбената експозитура во Чаир ќе продолжи со работа од утре, 17 април.
Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот, се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.