Ве уверувам дека прашањето за името не е затворено. И дома и надвор со правни инструменти ќе сториме се за да докажеме дека нема држави со право на самоопредлување и држави без самоопределување. Тоа го обезбедиле нашите баби, татковци и ние ќе го искроистиме тоа право, рече вечерва претседателскиот кандиат Гордана Сиљановска Давкова од митингот во Валандово.
Мешање на партиското со државното не е дозволено, а во оваа кампања министри, директори, и премиерот Зоран Заев активно учествуваат во кампањата за претседател, критикуваше Сиљановска Давкова.
„Директорот на скопската ЗОО на пример не смее да биде во кампања. Премиерот е премиер на сите граѓани, а тој е во кампања. Министрите треба да бидат слуги на сите граѓани, но тоа не е така“, истакна Сиљановска.
Таа додаде дека нема никаква демократија во владата, зашто сета власт е концентрирана во рацете на премиерот кој го има првио и последниот збор.
„Тој и во парламентот го супстиционира претседателот на Собранието, ги супстиционира министрите и ја грабнал власта и од рацете на претседателот, како што е склучувањето меѓународни договори. Тоа е намерно, зашто претседателот Иванов не би потпишал договор во кој Македонија е наведена само како втора страна. Тие не размислуваат како нас, како да ја заборавиле химната, не размислуваат за правото и правдата“, рече професорката Сиљановска.
Таа посочи дека ЕУ и НАТО, дури и да ги почнеме преговорите, и да влеземе во НАТО, не носат автоматски демократија или развој. Сиљановска посоќи дека „и тие кои ги охрабруваа не им веруваат и не ги почитуваат.
„Тоа е така во животот – ве почитуваат ако имате став, ако сте борец, ако сте чесни во битката за ставот. Ако имате авторитет, а не моќ. Тие немаат никаков авторитет кај народото, а и како ќе го имаат кој ве понижил како народ, кој го продал идентитетот“, посоќчи претседателкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ поддржана со повече од 10.000 граќански потписи.
Мицкоски:По претседателската, ќе следи трка за парламентот
По претседателските избори следи трката за предвремени парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски од митингот во Валандово.
„Вчера видовме што се случи во Скопје. Еден највен грандниозен собир за поддршка на Стево Пендаровски се претвори во класичен дебакл. Народот е уморен од нивните здодевни лаги. Вчера народот им ја испорача вистинската сметка за она што го направија во изминативе две години. Времето за изманиците и криминалци во Република Македонија е изминато“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.