Цариниците од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на околу 350 килограми марихуана. Државјанин на Албанија на возраст од 62 години, со товарно возило утрово околу 1 и 30 часот се пријавил за излез од државава.
При преглед на возилото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана“, наведоа од Царинската управа.
Против лицето до кумановското обвинителство ќе се поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Comments are closed for this post.