Резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2018/2019 година се објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk.
По објавување на списоците, студентите имаат право на приговор во рок од 5 дена кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.
Вчера група студенти протестираше пред зградата на МОН барајќи да се објават резултатите од конкурсот, бидејќи како што велат службите доцнеле пет дена со објавувањето, а студентите веќе имале закажани испити за полагање.
Претходно, МОН ги објави резултатите за Битола и Штип.
Comments are closed for this post.