Ниту една грчка влада до сега во преговорите за името не дозволила признавање на македонска нација, тврди пратеничката Дора Бакојани, која беше министерка за надворешни работи за време на клучниот Самит на НАТО во Букурешт во 2008 година. Тогаш Атина стави вето на приемот на Македонија во Алијансата, иако требаше да влезе заедно со Албанија и со Хрватска, земји познати како „Јадранско јато“.

„Ниту една влада не дозволи признавање македонска нација. Познат е пристапот на грчката влада во Букурешт. Ние ја плативме цената за Букурешт, но ако треба јас истото повторно ќе го направам “, истакнува Бакојани“.

Изјавата таа ја даде денес за време на посетата на Кожани.

Инаку, гвпечатливо е што и медиуми и политичари во Грција се навраќаат на периодот од 2008 година, како што е тоа на пример со една телеграма објавена од Викиликс за консултации за името водени со американската амабсадорка во Скопје, Џилиен Миловановиќ.