Екипата на Вардар славше убедлива победа на гостувањето кај ППД Загреб со 18:27 (6:14) во првиот дуел од осминафиналето на ракометната Лига на шампиони, со што направи огромен чекор обезбедување пласман во четврт-финалето. По вечерашната победа во „Арена Загреб”, „црвено-црните” веќе се со една нога во четвртфиналето.
Вардарци беа особено расположени за игра во „Арена Загреб“, а резултатот од +8 на полувремето го покажа токму тоа. Домаќините се обидуваа да го сопрат налетот на македонскиот тим, но немаа лек за добрата игра Криштопанс, Карачиќ, Дибиров, Мораеш…
Предноста продолжуваше да расте во второто полувреме, а во 50. минута од мечот таа беше и двоцифрена (15:25). До крајот на средбата тимот од Загреб успеа да ја намали таа разлика на -9 (18:27), но со ќе им треба чудо за да го елиминираат македонскиот шампион.
Најефикасни кај „црвено-црните“ со по пет погодоци беа Криштопанс и Карачиќ, а четири постигна Мораеш. Во редовите на Вардар особено се истакна и голманот Милосављев, кој имаше 14 одбрани.
Во редовите на домаќините најефикасен беше Мандиќ со пет гола.
Реваншот ќе се одигра идниот викенд во Скопје.
Comments are closed for this post.