Австралијанецот Брентон Тарант, кој е обвинет за убиство на 50 луѓе во две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, не делува ментално нестабилен и планира самиот да се застапува пред судот, изјави неговиот бранител доделен од судот по службена должност.
Тарант во бела затворска облека и лисици на рацете во саботата беше изведен пред судија. Повторно ќе се појави во судот на 5 април кога најверојатно ќе биде прочитано и обвинението.
Адвокатот доделен по службена должност, Ричард Питерс, кој го застапуваше за време на сослушувањето, рече дека Тарант не сака бранител.
Тој сака да се застапува сам во овој случај“, додаде адвокатот.
Во првото појавување пред судот Тарант не зборуваше и не покажа знаци на каење, напротив, тој им се смешкаше на новинарите и покажа симбол кој го користат белите расисти ширум светот.
Comments are closed for this post.