„Се извинувам на сите гледачи зошто дури сега реализираме емисија“, рече по крајот на драмата со упадот во РТС генералот дирекор Драган Бујошевиќ и наведе дека пред тоа не било возможно бидејќи сите екипи биле блокирани.
„Вработените не беа во можност да си ја завршат својата работа бидејќи беа спречени од оние луѓе кои минуваа низ ходниците на објектот со моторни пили во рацете, рече генералниот директор на РТС.
Бујошевиќ откри дека кога била најавена блокадата на РТС, демонстрантите биле предупредени дека нивните протести ќе го изгубат на легитимноста и вечерва тој легитимитет бил изгубен преку насилното упаѓање во зградата.
Тој потсети на Законот за јавни медиумски услуги кој јасно кажува дека РТС е автономна и независна во одредувањето на уредувачката политика и програмските содржини.
„Дел од лидерите од опозицијата кои влегоа во РТС, спротивно на законот сакаа се ова да го направат – да ја одредуваат програмската шема и содржините. Чудно е што тој закон го донесоа токму оние луѓе кои упаднаа во Српската радио телевизија“, тврди Бујошевиќ.
Директорот на РТС додаде дека државните органи, како и Европската асоцијација за јавни медиумски услуги и меѓународни здруженија на новинари, треба сериозно да разговаат во врска со инцидентот.
„Се надевам дека ова ќе биде последен упад во РТС”, рече Бујошевиќ.
Comments are closed for this post.