Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Штип оцени дека пресудите за упадот во Собранието е класичен политички прогон на актуелната власт, против оние што не се истомисленици.
Според Мицкоски, ваков притисок е невиден во поновата историја и, како што рече, Заев се закани на 28 април 2017 година, а речиси две години потоа судијата Кацарска и обвинителката Рускоска испорачаа.
На новинарско прашање колку висината на казните и тајмингот кои се изречени се еден вид притисок до гласачите пред изборите, лидерот на опозицијата оцени дека ваков притисок е невиден во поновата историја во Република Македонија.
Comments are closed for this post.