Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда.
Ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, кој го соопшти генералниот секретар на партијата Игор Јанушев по објавувањето на пресудата за упадот во Собранието.
„Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти. Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу“, вели Јанушев.
Според него Кацарска и Рускоска се само слуги на Зоран Заев.
„Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи. Оваа пресуда е нарачана и однапред позната“, смета Јанушев.
Тој вели дека ова се очајни чекори на власта која губи.
„Правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена“, истакна генералниот секретар на опозициската партија.
Comments are closed for this post.