Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, за кои судот досуди затворски казни, се спроведени во притвор во Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Информацијата ја потврди директорот на затворот, Ѓоко Котевски.
Притворот беше побаран од обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи откако судот ја соопшти пресудата за предметот „Титаник 2“, поради постоење опасност од бегство.
Ибраими доби затворска казна од четири години и шест месеци, а Мијалков три години затвор.
Мерка за претпазливост е изречена за Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор, како и за Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, кои беа осудени на три години затвор.
Comments are closed for this post.