Околу 2.000 пожарникари се борат со огнените јазици во австралиската држава Викторија. Битката се води на 19 фронтови. Пожарите веќе пеплосаа неколку куќи, а се уништени стотици хектари шуми.

Пожарите се наближуваат и до населби во Мелбурн, поради што десетици илјади лица беа принудени да се евакуираат од своите домови.


Инаку, пожарите се случија во моменти на незапаметени високи температури во историјата на Австралија, при што во многу региони се забележани над 40 Целзиусови степени. Јануари бил најтоплиот месец во историјата со забележана просечна температура од 30 степени.

На локалната телевизија изјава даде еден сопственик на винарија:„Загубивме се. Пожарот проголта се од куќата до винаријата. Нешто што го градевме од 1979 година сега го нема. Останавме без средства за живот“.