Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи извршил увид на лице место во струшкото село Поум, каде вчера во попладневните часови беше лишено од живот едно лице на возраст од 23 години.
Настанот, како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, се случил околу 18:30 минути, кога на локален пат во близина на Струга со огнено оружје е пукано во сега починатиот и неговиот татко (46). Оштетените се движеле по патот со патничко моторно возило кога до нив се доближил осомничениот (22), управувајќи со друг автомобил. Осомниченото лице започнало да пука, најпрвин со пиштол, а потоа и со ловечка пушка, при што сега починатиот е смртно погоден, а неговиот татко се стекнал со тешки телесни повреди. По извршување на делото, осомничениот избегал а подоцна самиот да се пријави во полициска станица.
Надлежниот јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка, а до судија на претходна постапка од Основниот суд Струга ќе достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, велат од обвинителството.
И Полицијата излезе со официјални детали дела вчера во 19 часот во полициската станица во Струга било пријавено дека истиот ден околу 18 часот на локалниот пат село Делогожда-село Поум, на место викано “Кодра бум“, 22-годишниот У.В. управувајќи патничко возило “Голф“ со струшки регистарски ознаки, бил пресретнат од патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот В.Б. од село Поум, во кое бил и неговиот син, 23-годишниот З.Б.
Според пријавеното, В.Б. и З.Б. излегле од возилото и со секири тргнале кон У.В. со кого од порано имале нерасчистени односи. У.В. испукал повеќе куршуми и ги погодил З.Б.и В.Б. по што заминал од местото и се пријавил во Полициската станица Струга.
Од случајни минувачи повредените биле пренесени во Медицински центар Струга, каде кај З.Б. била констатирана смрт, додека В.Б. бил задржан на лекување. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција и се преземат мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.