Хрватскиот институт за јавно здравје соопшти дека постепено се намалува бројот на болни од грип, од кој досега официјално заболеле 48.080, a 75 луѓе починале.
ХЗЈЗ истакна дека оваа сезона на грип е многу поинтензивна во однос на бројот на заболените во споредба со претходните пет сезони
Се проценува дека во Хрватска годишно од грип умираат околу 500 луѓе, од кои само мал број се официјално пријавени. Според ХЗЈЗ, тешко е да се каже колку точно луѓе умираат директно, или, почесто, индиректно од грип, како резултат на влошување на основната болест или компликација, како што се пневмонија или сепса
Во Србија во последните шест недели од грип починале 29 лица, а пријавени се 104.687 болни, соопшти Институтот за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ Батут“’.
Како што се наведува, најмногу болни има меѓу деца на возраст до четири години, а епидемиолошката ситуација е во согласност со движењето на болеста за овој период од годината.
Comments are closed for this post.