Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е во Струга на двоневниот семинар „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Националниот демократски институт од САД.
Ми преставува особена чест и задоволство што повторно, по подолга пауза практично обновуваме едно пријателство и заедничка соработка со нашите партнери од Националниот демократски институт од Америка и што заеднички организираме еден работен престој кој што е добра прилика за размена на искуства, пренесување на знаења и втемелување на нови форми на соработка, рекол Мицксоки на почетокот на семинарот, соопштија од партијата.
Мицкоски е убеден дека се поставуваат основите за една долгорочна соработка која ќе донесе одлични резултати, а овој како што вели работен престој во Струга ќе биде одлична можност да се направи ретроспектива за анализа на она што преставува и самиот назив на заедничкиот собир „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.
Ова е дотолку повеќе важно затоа што она што сега ќе го испланираме, изградиме како заеднички капацитет во партиските структури ќе биде она што, уверен сум во еден извесен брз период треба да се преслика како раководење на институциите, нивно управување и менаџирање. И потполно треба да бидеме свесни дека граѓаните со право ќе очекуваат резултати, исполнета работа и драстична разлика кон подобро. Ние сме тие кои ќе ја имаме задачата тоа да го донесеме и да не ги разочараме нивните очекувања што е првенствената обврска во се она што го правиме. Не смееме и нема да ги изневериме очекувањата на граѓаните.
Comments are closed for this post.