Во рамки на работната посета на Вашингтон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски оствари средби со Лук Кофи – директор за меѓународна политика на фондацијата Херитиџ, Метју Палмер – заменик помошник Секретар во Стејт Департментот, Пол Мекарти – директор за Европа во Меѓународниот Републикански Институт и Јан Ерик Суротчак – директор за трансатлански стратегии на Меѓународниот Републикански институт, информираат од партијата ВМРО ДПМНЕ.

На сите средби Николоски ја нагласил потребата од суштински реформи во Македонија во делот на владеење на правото и борба со корупција, економски реформи, реформи на јавната администрација. Овие реформи се предуслов за почеток на преговори за членство во ЕУ како и забрзување на процесот на членството во НАТО.

Николоски го нагласил високото ниво на корупција во Владата кое како што вели зазема се пошироки размери и побарал да се испратат јасни сигнали до Владата да почне силна борба со корупцијата во своите редови.

„Предупреди на мешањето на Владата во судството и обвинителството и инструментализацијата на истите во политички цели, Со своите соговорници се осврнал и на актуелните претседетелски избори како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори.Николоски нагалсил дека постои огромна загриженост за регуларноста на Претседетелските избори, притисоци и уцени на гласачи како и полнење на кутии“, се наведува во партиското соопштение.

Побарал да се испратат јасни пораки за потребата од одржување фер, демократски и компетитивни избори, како и да се испратат силни мониторинг мисии кои нема да го набљудуваат само изборниот ден, туку целиот предизборен процес.