Европската комисија го забрани планот за здружување на двете најголеми компании во областа на железницата. Францускиот „Алстом“ и германскиот „Сименс“ кажаа дека целта на спојувањето е да станат конкурентни на светскиот пазар во трката со големите произведувачи од Кина, САД и Канада.
Европската комесарка Вестагер, меѓутоа, соопшти дека ваквиот план би донел повеќе штета отколку корист, бидејќи внатре на пазарот во ЕУ би предизвикал монопол и раст на цените за европските корисници.
Комисијата, исто така, тврди дека закана од кинеска конкуренција не постои бидејќи најголемата кинеска компанија засега произведува само за кинескиот пазар.
Во Франција и Германија ваквата одлука многумина ја дочекаа на нож, како пример дека европските бирократи слепо се држат до веќе надминати правила на конкуренција од деведесетите години, иако светот е променет и конкуренцијата треба да се гледа на глобално а не на европско ниво.
Веќе се најавени иницијативи за промена на правилата.
Comments are closed for this post.